Маглата ја намали видливоста на Ѓавато

39

На планинскиот превој Ѓавато утринава има намалена видливост до 100 метри поради магла, а на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...