Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа им одговори на припадниците на движењето „жолти елеци“, кои покренаа петиција со барање за намалување на цените на горивата, порчаувајќи им дека „се во право“.
Петицијата, која е објавена на палтформата Change.org, досега ја потпишаа над еден милион Французи.
Во одговорот, објавен на истата платформа, Макрон им порачува на „жолтите елеци“ дека го чул нивниот глас, па затоа француската Влада и ја повлекла одлуката за зголемување на даноците на горивата.
Макрон истакнува и дека ќе продолжи „со дијалогот со граѓаните“, потенцирајќи при тоа дека се неопходни мерки и против климатските промени и еколошките проблеми.
Набрзо по одговорот на Макрон, француското Национално собрание минатата ноќ усвои закон предложен од него, чија цел е да се задоволат дел од барањата на „жолтите елеци“.
Како што јави ДПА, по 13-часовна дебата, Собранието го усвои законот со 153 гласа „за“, девет „против“ и 58 „воздржани“. Законот сега треба да биде одобрен и од Сенатот, каде владината колаиција нема мнозинство.
Со предлогот на Макрон се предвидува зголемување на минималната плата за 100 евра и одлагање на планираното оданочување на пензионерите со приходи од над 2.000 евра месечно.
„Жолтите елеци“ се појавија минатиот месец како протестно движење поради најавените зголемувања на даноците на горивата, но набрзо доби на масовност и излезе со дополнителни барања. За време на протестите на „жолтите елеци“, кои на моменти беа и насилни, загинаа девет лица, а 2.891 беа повредени, од кои 1.098 полицајци.
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni