Тешка несреќа се случи во чешкиот рудник за јаглен во Карвина, на чешко-полската граница во кој под земја загинаа 13 рудари. Дванаесет од нив се Полјаци. По експлоџијатана метанот во рудникот и натаму гори. Противпожарникарите даваат се од себе да го спречат ширењето на огнот. Телата на мртвите се под земја, а телото на само еден од мртвите рудари е извадено на површина, а уште е е јасно кога ќе може да се извлечат од под земја телата на останатите рудари. Проценка е дека тоа ќе биде по Нова Година.
На местото на несреќата сега се градат заштитни насипи со кои ќе се спречи ширењето на огнот. Според стручните оценки, огнот ја попречува спасувачката работа, така што не може да се спроведе никаква дополнителна акција на спасување. Натамоишни дејства може да се преземат по стабилизирањето на животната средина.
Причината за експлозијата се истражува.
– Главна причина е тоа што метанот се запалил, што предизвикало детонација на некои мински работни места. Но, точните причини мора да бидат истражени. Постојат мерки за безбедност под земја – изјавија надлежните од рудникот.
Веднаш по експлозијата било јасно дека најмалку петмина рудари ја преживеале несреќата, а осуммина исчезнале.
,,Во еден момент, при распламтувањето на огнот и високата температура од над 200 целзиуси оценивме дека не е можно да се дојде до рудникот. Тамошните концентрации се опасни по живот. Шефот на управувањето со катастрофата одлучил да ја затвори област и да се изгради насип, што би траело до недела.
На местото на несреќата се наоѓаат премиерите на Чешка и Полска Андреј Бабиш и Матеус Моравецки. Тие ја опишаа несреќата како огромна трагедија и им изразија сочувство на семејствата на сите загинати рудари.