ОБНОВЕНО Ваљон Беља, економскиот директор на Гинекологија вечерва е ранет во Чаир

2071

Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир.

Неофицијално, во него било пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.

Беља од октомври годинава е нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.

ТВ21, според неофицијани информации, јави дека Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот „Принц“. Економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, му замерил на градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од општината. По ова неофицијлано, градоначалникот повикал други луѓе, по што настанала тепачка која завршила со пукање.

ОБНОВЕНО

Случајот во полиција бил пријавен денеска во 17,45 часот. Пукањето, според првичните податоци на полицијата, се случило на ул.„Лазо Трповски“ во општина Чаир, а станува збор за лицето В.Б. (40) од Скопје.

Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. Лицето В.Б е пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...