Тотенхем му забрани на Почетино да зборува за Јунајтед

119
ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино се најде во чудна ситуација. Тој, всушност, беше лишен од правото да зборува на темата што го поврзува неговото име со раководството на Манчестер Јунајтед.

По отпуштањето на Жозе Мурињо „црвентие ѓаволи“ го назначија привремено на функцијата Оле Гунар Солскјер, но информациите од Англија се дека всушност тие го сакаат токму Аргентинецот како долгорочно решение на проблемот со функцијата.

Тој веќе изјави дека нема интерес за оваа работа и дека сака да продолжи да ги води „петлите“. Но прашањата за „Олд Трафорд“ не сопреа на неговата прес-конференција денес. И токму кога Почетино се обиде да одговори на нив, се вмеша прес-секретарот на тимот од Лондон. Тој категорично ги отфрлаше прашањата на новинарите на оваа тема. Ова доведе до жестока дискусија меѓу него и еден новинар и дури се наметна камерите и микрофоните да бидат исклучени за да може да се реши спорот меѓу двајцата.

На крајот, Аргентинецот не одговори на какви било прашања во врска со неговото можнозастанување на чело на „црвените ѓаволи“. Се чини дека тој ќе остане во Тотенхем, освен ако нешто непредвидливо не се случи до крајот на сезоната.

ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...