Заврши истрагата за 27 април, можеби Чавков и другите притворени ќе излезат од притвор

3606

Истрагата за крвавиот четврток што се случи на 27 април во Собранието е завршена. Обвинителството за организиран криминал наскоро треба да го подготви обвинителниот акт, по што ќе биде испратен на оценување во Кривичниот суд. Доколку добие зелено светло од Советот за оцена, тогаш набрзо ќе стартува и судењето, а на обвинителна клупа ќе седнат 35-мината обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок, пишува Фокус.

Пред да почне судењето можно е дел од осомничените кои се во притвор во истражниот затвор „Скопје“ да излезат и да добијат некоја од алтернативните мерки на обезбедување, бидејќи повеќе не можат да влијаат на истрагата, бидејќи истата е завршена.

Целиот текст можете да го причитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...