Обвинет во „Монструм“ праша како се пукало, Фетаи му рече дека и тој може да одговори

3052
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Со вкрстено испрашување на вештите лица – балистичари односно со прашања од адвокатите и обвинетите, денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Монструм“.

Обвинетиот Фејзи Азири, вештаци од судска медицина и од МВР одговараа за пронајдените проектили во телата на убиените, како и за прострелните рани на жртвите. Едно од прашања кое го упати тој беше дали во жртвите било пукано рафално или поединечно.

Вештаците рекоа дека не можат да одговорат, а тој забележа дека не сакаат да одговорат, а знаат.

Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше и рече дека самиот тој или останатите обвинети може да кажат како е пукано.

Следното рочиште е закажано на 17 јануари 2019 година кога ќе се прикажуваат ПИ мерките.

Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

Семејствата на убиените момчиња и рибарот не присуствуваат на рочиштето. За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...