Родителите треба да работат на подобрување на имунитетот на децата, да ги носат на чист воздух и да им даваат повеќе витамини – препорача денеска директорот на Детската болница – Козле, Ангелчо Андоновски.
Тој посочи дека поради студеното време вообичаено за зимскиот период, постојано се зголемува бројот на пациентите во болницата.
– Сите деца кои се хоспитализирани се со симптоми пулмонална патологија, односно со пневмонии, ларингитис, бронхитис…Болницата е полна со пациенти. Даваме помош на секое дете кое ќе биде донесено, додаде Андоновски, о доделувањето новогодишни пакетчиња на децата од страна на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов.