Акцијата за поставување прочистувачи на воздухот во 23 средни училишта на Град Скопје, што ја најавивме пред неколку дена, денеска продолжува во СУГС „Никола Карев“.
– Во училиштето се поставени 34 прочистувачи, односно во сите училници, со што за 1.107 средношколци обезбедуваме почист воздух за време на наставата, што е особено важно во деновите на зголемено загадување на воздухот во градот. Тргнувајќи од фактот дека нашите ученици се движечка сила и иднината на општеството и сознанието дека околу една третина од денот го поминуваат во училишните простории, Градот со поставувањето на прочистувачите, сака на вкупно 21.783 средношколци да им овозможи почист воздух и поздрава животна средина – кажа рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште.
– Наша должност е да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, а квалитетот на здравјето на децата е наш приоритет – нагласи Салиху.