Откако обвинетиот Јане Ченто рече дека сака судот, а не политичките елити да одлучуваат дали тој е виновен или не, и откако порача дека нема да бара амнестија неговото излагање го поддржа и обвинетиот Игор Југ.
– Ниту јас нема да поднесам барање за амнестија и правдата ќе ја докажувам пред вас кои сте единствени легитимни и надлежни да одлучувате за нашата невиност. Не го признавам селективниот закон за амнестија и не дозволам да бидам ничија монета за поткусурување – рече Игор Југ.
Откако тие се обратија на судечкиот совет, судијката Добрила Кацарска рече дека тој Закон за амнестија не е во нивна надлежност.
– Советот во оваа фаза не одлучува ништо за Законот за амнестија, освен тоа тој закон не е надлежност на советот. Се знае кој ќе одлучува по барањата на обвинетите согласно Законот за амнестија – рече Кацарска.
Во Законот за амнестија, како што си го скроија пратениците, оставено е решението кого го следува амнестија да одлучи судот по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.
Инаку, Игор Југ на денешното рочиште побара од судијката одобрение за католички свештеник да го посети во затворот во Шуто Оризари. Тој рече дека разговарал со директорот на затворот, кој му рекол да ѝ пренсе на судијката.
Повеќе од денешното рочиште:
Пратеникот Арнаудов: Изјава давам за 50 евра
Игор Југ разлутен им се обрати на пратениците