Лично јас сакам Вие, а не политичките елити да не судат, им се обрати обвинетиот за 27 април Јане Ченто на судијката Добрила Кацарска и на судечкиот совет, по паузата од денешното рочиште.
– Во завршна фаза сме, сите, цела јавност, а најмногу Вие сакате да се дознае вистината за 27 април и да има правда. Точно е дека влеговме во Собрание понесени од емоции, но поентата ми е дека секој треба да сноси одговорност за постапките и дека вие, исклучиво Вие, треба да не судите. Во заврши зборови имам многу што да кажам но ова го кажувам за да знаете дека имам целосна доверба во вас. Време е да покажеме дека сме правна држава и дека судската власт е независна во вистинска смисла на зборот. Јас нема да поднесам барање за амнестија останувам до крај, Вие пресудите, а не политичките елити да кажуваат дали сум виновен и за што сум виновен – порача Јане Ченто.
Излагањето на Ченто го поддржа и обвинетиот Игор Југ кој кажа дека нема да бара амнестија и оти не е ничија монета за поткусурување.
Повеќе од денешното рочиште: