Македонската фудбалска репрезентација остана на 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска. Ова е веќе четврти месец по ред со непроменет рејтинг на „црвено-жолтите“. На истата позиција се наоѓаат уште од рангирањето извршено на 20. септември.
Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 131-то.
На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.