На паузата од рочиштето за 27 април новинарите собраа пари за да му дадат на обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов кој претходно прашан дали ќе побара амнестија им одговори дека изјава дава за 50 евра. Тие собраа околу 150 евра или пари за дури три изјави.
Кога му ги понудија парите Арнаудов рече дека се шегувал, на што новинарите му возвратија: „Но, вие нѐ навредивте“.
– Немав намера да ги навредам новинарите. Само сакав да се пошегувам – рече Арнаудов.
Видео: А1он
Повеќе од денешното рочиште:
Пратеникот Арнаудов: Изјава давам за 50 евра
Игор Југ разлутен им се обрати на пратениците