Пред официјално да почне судското рочиште за 27 април обвинетиот Игор Југ се обрати кон еден од пратениците прашувајќи го што се крие. По ова Југ веднаш го смирија обвинетите и адвокатите кои седат до него.
– Што се криеш како пи**а под кошула? – рече обвинетиот Игор Југ.
Во судница инаку присутни се на секое рочиште и припадници на алфите како обезбедување на пратениците. Ситуацијата веднаш се смири, по што почна рочиштето.
Денеска треба да се читаат дополнителните докази на Митко Чавков и Душко Лазаров кои МВР ги декласифицираше. Бидејќи адвокатот на Чавков денеска ги прими доказите, судијката Добрила Кацарска даде пауза од еден час за да тој ги види доказите.
По изведувањето на доказите за овие двајца обвинети, судечкиот совет ќе треба да се изјасни и дали ќе ги прифати доказите кои ги предложи Александар Василевски Нинџа.
Тој на претходното рочиште рече дека кога се предал на полицијата во обвинителството доставил 115 аудио снимки и 20 фотографии и побара истите да изведат без присуство на јавноста. Тогаш Кацарска рече ако истите се во обвинителството, веднаш да се достават во судот за да се одлучи дали ќе се прифатат или не.
Повеќе од денешното рочиште:
Пратеникот Арнаудов: Изјава давам за 50 евра
Новинарите му понудија пари на Арнаудов, тој одби ВИДЕО