Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски вратени на работа

360

Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се на работните места во МВР. Ова на својот Фејсбук профил го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– За професионалците секогаш ќе има место во МВР, напиша Спасовски.

Лазаревски и Костовски се вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето во Македонија.

Тие како колеги во Управата за безбедност и контраразузнавање три години работеле за да го документираат нелегалното прислушување на над 20.000 политичари бизнисмени, активисти, новинари и други политички неистомисленици на претходната власт.

Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултираше со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Покрај тоа, разговорите беа докази за обвиненија на 94 лица и седум компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...