Огромни бранови од езерото во Охрид носат сè пред себе ВИДЕО

4896

Силниот јужен ветар што денеска дува во Охрид го разбранува Охридското Езеро. Високиот водостој на езерото од десетина сантиметри над максимално дозволената кота заедно со ветарот придонесе наместа брановите да ги префрлат бетонските бариери долж Кејот на езерото во градот, нанесувајќи поголеми количества вода што канализацискиот систем за одвод не може да ги прифати.

Проблематично е на одредени точки каде системот за одвод е со помал капацитет, воглавно на самиот брег во Стариот дел на градот, во одредени угостителски локали и ресторани каде терасите се навлезени во самото езеро.

Така е и со Мостот на желбите што ги поврзува Сараиште со Канео, кој не ги издржа налетите на ветрот и силните бранови.

Ветерот предизвика и проблеми на некои покриви на постари објекти и слабо обезбедени ламарени кровни конструкции. Позитивна околност е што моментално нема врнежи од дожд, така што штом ја загуби силата водата ќе се повлече низ канализацијата.

По социјалните мрежи кружат видеа од кои може да се види хаосот кој го предизвикува невремето во Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...