Османи е горд што е „сеповец“, а не земјоделец ВИДЕО

492

Вицепремиерот Бујар Османи на Годишната конференција на СЕП, си го испофали ресорот со кој раководи Секретаријатот за европски прашања и порача дека секој што работи во СЕП треба да биде горд оти влева надеж кај луѓето.

– Секоја добра порака која ја слушаат од нас, или одење во Брисел, за нив е надеж дека нешто подобро ќе се случи. Секој од нас треба да биде горд дека влеваме малку надеж кај луѓето, влеваме надеж во секое семејство. Баш нашиот сектор. Добро е што и луѓето внатре се идентификуваат со институцијата. Јас не сум слушнал дека во земјоделство се нарекуваат земјоделци, вработените, сите нас не нарекуваат сеповци. Тоа дава чувство на идентификација, на посебност во администрацијата – рече Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...