Дваесет и седумгодишниот Ник Вилсон од Кентаки е победник на 37. сезона на Срвајвер насловена како „Давид против Голиат“.
Дури седум, од вкупно десет членови на жирито, кои имаа можност да гласаат за еден од тројцата финалисти, гласаа за победа на Вилсон.
Претходно, во интервју Џеф Пробст рече дека „ова се едни од најдобрите играчи кои некогаш сме ги имале во шоуто“. Сезоната има само позитивни критики, а ниту тоа што еден од играчите, Алек Мерлино, ја објави својата врска со учесничка пред сезоната да започне, не успеа да ги намали добрите коментари. Мерлино, како што пренесе ТМЗ, беше баниран од доаѓање на гледањето на шоу во живо, настан на кој присуствуваат сите учесници од сезоната која поминала и за тоа добиваат паричен надоместок.
Фановите се тажни поради тоа што оваа сезона заврши, но добија кратко видео од наредната сезона која најверојатно ќе се емитува кон крајот на февруари или почетокот на март.
ФОТО: CBS/ People