Деветгодишно девојче од Алабама извршило самоубиство откако наводно било малтретирано од соученици, пренесува „Фокс њуз“.
Бабата го пронашла обесеното тело на Мекензи Адамс во нивната куќа.
Според зборовите на вујната, девојчето трпело насилство поради тоа што имало за пријател момче со бела боја на кожата.
– Цела училишна година преживуваше пекол. Соучениците рекле „убиј се“, „мислиш дека си бела затоа што се дружиш со тоа бело момче“, „ти си грдо девојче“, „само умри“ – изјавила вујната Едвина Харис.
Харис работи како водителка и постојано нагласувала дека овој проблем треба да се реши еднаш засекогаш.
– Господ ме прати да им помогнам со мојата платформа, сега е време да се реагира. На светот има толку деца без глас – додала Харис.
Од училиштето изјавиле дека не биле пронајдени пријави за насилство ниту од девојчето ниту од семејството. Полицијата се уште вршела истрага, а училиштето му овозможувало на сите ученици професионална помош од стручни лица за нивното ментално здравје.
ФОТО: Фокс њуз