Албанија и објави војна на корупцијата: Кривично се гонат 80 функционери

434
Во последните две недели во Албанија се евидентирани 55 кривични дела за корупцијата и злоупотреба на службената положба од страна на носители на јавни функции.

Министерката за правда, Етилда Ѓонај изјави дека кривична постапка е почната за 80 лица, при што 11 се во притвор, додека 69 се бранат од слобода.

– Меѓу оние кои заработија кривична пријава е и еден професор од Факултетот за информатичка технологија на Универзитетот во Валона, кој во медиумите беше посочен дека земал поткуп за положен испит – истакна Ѓонај, која е координатор на Антикорупциската комисија.

Таа упати апел до сите студенти и професори да го пријават секој случај на корупција во образовниот систем, не само за да се спречи корупцијата, туку и за да биде казнет секој „кој врши корупција со иднината на студентите“.

Истовремено, врз основа на извршената контрола, според Ѓонај, изречени се и 13 дисциплински мерки, од нив две со престанок на работниот однос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...