Ракометарките добија 10.000 евра за пласман во баражот за СП

119
ФОТО: МИА

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација за пласман во баражот за СП Јапонија 2019.

Успешниот настап во квалификациската група што се играше на домашен терен, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки за бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2019 година, во чии рамки најпрво ќе се игра на домашен терен со репрезентацијата на Словенија, додека вториот натпревар ќе се игра на гостински терен.

Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство Јапонија 2019.

Управнииот Одбор на РФМ донесе и дополнителна одлука доколку „жолто-црвените“ обезбедат пласман на претстојното СП во Јапонија ќе бидат наградени со дополнителни 30.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...