Градинката во Радишани под клуч поради морбили

214

Градинката во Радишани во која има зараза од морбили е затворена и нема да работи во наредните 15 дена, информира Министерството за труд и социјална политика.

„Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест“, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

Министерството за труд и социјална политика дало препорака за вонредна дезинфекција во сите установи кои што згрижуваат деца од предучилишна возраст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...