Димитров: Македонија е добра вест во време кога на Европа и требаат добри вести

57

Македонија е добра вест во време кога на Европа и требаат добри вести. Да ја препознаеме шансата и да го направиме напредокот неповратен, заедно порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и побара продолжување на континуираната поддршка на ЕУ и нејзините земји членки за европската перспектива на Република Македонија, на средба во Брисел со постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија, во својство на претседавач со Советот на Европската Унија.

– На состанокот, Министерот Димитров, сумирајќи ги активностите во изминатата година, го поздрави засилениот фокус на Унијата врз Регионот на Западен Балкан и изрази очекување дека истиот ќе продолжи и следната година. Тој се осврна на активностите поврзани со имплементацијата на Договорот од Преспа и процесот на уставните измени, како и на клучните реформски активности, особено оние кои произлегуваат од јунските заклучоци на Советот на ЕУ. Притоа, Димитров ја нагласи посветеноста и решеноста, и покрај деликатноста на процесите да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција, стои во соопштението од МНР.

На состанокот беа разменети мислења и за последните случувања во Регионот и беше изразена надеж дека следниот јуни ќе биде донесена формалната одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...