Кавадарци доби лизгалиште

151

Кавадарци доби лизгалиште. Градоначалникот Митко Јанчев соопшти дека идејата била негова и на Општината, а е остварена во соработка со компаниите донатори „Црна Река Петрол“ и „Кожувчанка“.

– Општината преку Сојузот на спортови организира бесплатно лизгање за учениците од сите основни и средни училишта за време на часови по физичко воспитување, во месеците декември, јануари и февруари. Чест и задоволство ми е кога ја гледам оваа еуфорија кај младите поради ова лизгалиште, со кое се доближуваме до поголемите градови – изјави Јанчев.

Набавени се околу 300 лизгалки, а комерцијалното неограничено лизгање ќе чини 100 денари.

Тренерот од Хокејарската федерација, Стефан Децковски рече дека редовно ќе испраќаат тренер во Кавадарци, согласно потребите.

Задоволство од лизгалиштето изразија и учениците и наставниците по физичко образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...