Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, изјави дека актуелната и амнестијата на претседателот Ѓорѓе Иванов во 2016 се сосема различни, но дека и вчерашната амнестија ќе има влијание врз судот и основното јавно обвинителсто.
– Амнестијата на Иванов беше сосема нешто друго од ова. За Иванов беше врз основа на непознати податоци. Иванов немаше податоци за работата и лицата кои ги амнестираше. Неговата беше тотално незаконска, беа помилувани и сведоци и странски државјани и лица кои воопшто не биле предмет на постапка на судовите и на обвинител. Тоа влијаеше така што два месеци не работеше обвинителството. На основното јавно обвинителстово и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакала да коментирам нешто што не е во мој домен – изјави Јанева.