Дваесет и едногодишниот Јанбаз Тарин признал дека ја убил поранешната сопруга и нејзината мајка во август, откако дознале дека има тајно семејство во Авганистан.
Тој ги убил 22-годишната Ранем Оудех и нејзината 49-годишна мајка во дворот на куќата во Англија, пренесува „Курир.рс“.
Убиецот, кој е осуден на затворска казна од минимум 32 години, бил во брак со Оудех според исламските закони. Бракот бил раскинат откако тајните испаднале на виделина.
Се појавило и видео во кое Тарин им се заканува на жртвите на ноќта на убиството во еден бар.
– Ако ме оставиш, ќе те убијам и тебе и твоето семејство! – викал тој.
Тарин имал жена, три деца и уште едно на пат во Авганистан.
Тој од барот излегол со нож и неколку часа подоцна до смрт ја избодил сопругата, која во моментот на убиството ѕвонела на полиција.
Обидот на мајката да ја спаси својата ќерка завршил кобно, а убиецот избегал пред да дојде полицијата.
Тој е уапсен три дена подоцна.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб