Законот за амнестија усвоен со 95 гласа „за“

233

Со 95 гласа „за“ и во скратена постапка вечерва беше усвоен Законот за амнестија откако помина во матичните комисии и беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека тој и пратеникот Панчо Минов ќе го поддржат законот.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и лидерот на ЛДП Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето.

Во законот се предвидува кој не може да бара амнестија за настаните од 27 ашприл, 2017 година. Откако ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...