Али Ахмети во интервјуто за Радио Слободна Европа изјави дека во текот на „заедничката власт со господинот Груевски се направени добри и корисни работи“.
Несфатливо е овој човек да не знае, да не читал, никој да не му кажал или да заборавил, што пишува во извештајот на Рајнхард Прибе за состојбата во која се најде Македонија на крајот на неговата „заедничка власт со Груевски“ и да тврди дека се направени „добри и корисни работи“.
Можно ли е овој човек да не знае кој и како ја прекина таа негова заедничка власт со Груевски кога направиле „добри и корисни работи“.
Дали е, на пример, добра и корисна работа, да се направи заробена држава, како што се констатира во многу документи на надлежни институции на ЕУ?
Несфатливо е Али Ахмети за добри и корисни работи да ги смета сите оние работи што Рајнхард Прибе ги наведува во споменатиот извештај и поради кои, со странска интервенција, предвреме се прекина нивната заедничка власт (Пржински процес).
Никој не памти дека Али Ахмети и во текот на заедничката власт со партијата на Зоран Заев од 2002 со 2006 година, исто така, направил „добри и корисни работи“, како што самиот, во споменатото интервју, тврди.
Очигледно, потребно е да се повторува повеќе пати, што содржи споменатиот извештај на Прибе за било кој да не се прави дека ги заборавил или да ги игнорира:
„Очигледна, директна вмешаност на високи владини и партиски функционери во нелегални активности, вклучително и изборни измами, корупција, злоупотреба на власта и овластувањата, конфликт на интереси, уцени, изнудување (притисок врз вработени во јавниот сектор да гласаат за одредена партија со закана за нивното отпуштање), тешки прекршувања на процедурите за јавни набавки со цел добивање недозволен профит, непотизам и протекции, индикации за несфатливо политичко мешање во номинацијата/назначувањето на судии, како и мешањето во други наводни независни институции заради лична или партиска корист.”
Дека кадрите на ДУИ и порано и сѐ уште делуваат под притисок на ВМРО, сведочеше уште медијаторот на Европската Унија во пржинските преговори, Питер Ванхауте.
Тој, во интервјуто за неделникот Фокус, наведе дека „ВМРО изврши притисок врз ДУИ”, а овие наводи досега никој од нив не ги демантирал.
Колумната е објавена во Цивил