Џафери ја закажа седницата за амнестија во 16 часот

280

Претседателот на Собранието Талат Џафери за во 16 часот попладне ја закажа пленарната седница со единствена точка на дневен ред, предлог – закон за амнестија, по скратена постапка.

Претходно Интерпарламентарната група за помирување го усогласи предлог-законот за амнестија. Битно од предлог законот е дека амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи како и службени лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Исто така од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се товарат за здружување заради непријателска дејност и убиство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...