Генералот Стојанче Ангелов е добитник на орденот „Свети Никола“ на општина Штип, рече градоначалникот Благој Бочварски и додаде дека орденот му се доделува бидејќи во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија.
– Во 2001 година кога земјата ни крвареше, Генерал Стојанче Ангелов не се штедеше туку со храброст и пожртвуваност замина на боиштата во одбрана на татковината. Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата. Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување. Токму таа негова одлучност за поддршка и личен влог за успехот на концептот на едно општество за сите, го прави Генерал Стојанче Ангелов да биде носител на орденот Свети Никола доделено вечерва од мене во име на граѓаните на општина Штип – рече Бочварски.
Добитници на признанието „Свети Никола“ за достигнувања и реални заслуги се бизнисменот Штерјо Наков, почесен конзул на Република Романија во Македонија со седиште во Штип, на Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип и на штипската компанија „Пеком инженеринг“, како општествено одговорна компанија.