Момче од Јемен умира во Америка, мајката не може да го види поради забрана на Трамп (ВИДЕО)

482
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Мајка не може да си го види двегодишниот син кој умира во болница во Калифорнија, поради забрана од страна на администрацијата на Трамп, пренесува „Курир.рс“.

Абдулах Хасан е роден со генетско оболување на мозокот и лекарите сметаат дека нема да преживее. Семејството изјавило дека мајката сака да го види уште еднаш пред да го исклучат од апаратите кои го одржуваат во живот.

Таа живеела во Египет.

Таткото на детето се обидувал со забрзана постапка да добие хуманитарна виза за таа да го виде пред да умре.

Али Хасан и неговиот син имаат американско државјанство. Тие отишле во САД пред неколку месеци за детето да се лечи. Абдулах пред неколку дена го славел вториот роденден.

– Потребна му е мајка. Сопругата ми се јавува секој ден, сака да го гушка и бакнува во овие тешки моменти. Наскоро ќе умре, а мајката не може ни да го погали пред да го напушти овој свет – рекол Хасан.

Лекарите не се сигурни уште колку време момчето ќе живее на апарати.

САД се обидуваат да спречат влез на терористи, па затоа на државјаните на Јемен и некои други земји им се забранува влезот.

ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...