САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа кој го отвора патот на Македонија да го заземе заслуженото место во ЕУ и НАТО, изјави американскиот заменик државен секретар Џон Саливан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.
– САД се залагаат за стабилна и безбедна Југоистона Европа, а Македонија е клучен фактор во регионот за постигнување на таа цел – порача Саливан.
Тој искажа пофалби за премиерот Заев и за шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и за пратениците кои ги поддржаа уставните измени. Ги повика и другите парламентарци да дадат поддршка и да ги тргнат настрана теснопартиските цели и да ги следат националните интереси.
– Вашите гласови ја ставија вашата земја на патотот на сигурна и просперитетна иднина. Како продолжува процесот во Собранието ги поттикнуваме повеќе пратенции да ги остават на страна партиските интереси и да останат фокусирани на заедничките стратешки цели. Нема друга алтернитава, надежите за посветла иднина за вашата земја ви се на дофат – истакна Саливан.
Тој зборуваше и за руското влијание, нагласувајќи дека САД ја даваат поддршката на одлуката која ја донеле двајцата премиери Заев и Ципрас и граѓаните, а дека од друга страна не е тајна што сака Русија.
– Не е тајна дека Русија се спротиставува на преспанската спогодба, никој нема сомнеж дека Русија ќе направи сѐ што може наспроти интересот на граѓаните за да го поткопа спроведувањето на договорот. САД ја поддржува Македонија. Не изненадува руското влијание, тоа е видливо и во другите делови од светот, впрочем добро е познато мешањето во претседателските избори во САД. Ние ќе работиме со и ќе ги поддржиме сите влади во откривањето ан сите активности кои русија ги има против интересите на државите – порача Саливен.