Екс директорот на ФБИ доби отказ два дена пред да се пензионира

583
ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Американскиот министер за правда, воедно и државен обвинител, Џеф Сешнс му даде отказ на поранешниот директор на ФБИ, Ендрју Мекејб, само два дена пред неговото пензионирање.

Таквата одлука беше очекувана, откако Мекејб веќе подолг период и многу често е мета на критики и несогласувања од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија западните медиуми.

Сешнс го смени Мекејб врз основа на препораките на дисциплинската комисија на ФБИ.

– Јас сум жигосан и третиран на ваков начин поради улогата која ја имав, дејствијата кои ги преземав и настаните на кои бев сведок по отстранувањето на Џејмс Коми, изјави Мекејб веднаш по одлуката на министерот за правда за негова смена.

Отказот веројатно ќе покрене многу прашања дали Мекејб е казнет премногу сурово поради политички притисок од страна на Трамп, кој жестоко го критикуваше на Твитер и бараше негова оставка.

Трамп одлучи да го смени и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер, откако на почетокот на неделава му даде отказ и на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.

ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...