Еден е тешко повреден, а двајца полесно во седумте сообраќајки кои се случиле вчера во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата фатила 31 возач кој возел побрзо од дозволеното и двајца кои возеле под дејство на алкохол. Тринаесетмина возеле без дозволи, а еден бил почетник.
Седум возила биле исклучени од сообраќај поради тоа што не биле регистрирани.
Казнети се седуммина кои поминале на црвено светло, тројца не дале предност на пешаци, тројца неправилно се престроиле, шестмина неправилно престигнале, седуммина не носеле зимска опрема, еден не го врзал сигурносниот појас и пет возачи зборувале на мобилен додека возеле.
Во текот на изминатите денови издадени се 68 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.