Обвинителството поднесе жалба за ослободувањето на гинеколозите за смртта на родилката во Гевгелија

Јавениот обвинител смета дека во станува збор за воопшто несовесно постапување на тројцата лекари од ЈЗУ Општа болница Гевгелија како последица на кое при породување настапил смртен исход кај родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче. Жалбата е поднесена поради погрешно утврдена фактичка состојба. Во неа, велешкото обвинителство наведува дека на страната на лекарите гинеколози има пропусти кои во целина со пропустите на анестезиологот довеле до смртниот исход..

215

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче во гевгелиската болница.

Со првостепената пресуда на велешкиот суд ги ослободи од обвинение двајцата гинеколози кои беа обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето.

Докторот анестезиолог, пак, беше осуден за истото кривично дело на ефективна казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана на вршење професија, дејност или должност.

„Сепак, надлежниот јавен обвинител смета дека во предметот станува збор за воопшто несовесно постапување на тројцата лекари од ЈЗУ Општа болница Гевгелија како последица на кое при породување настапил смртен исход кај родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче. Жалбата е поднесена поради погрешно утврдена фактичка состојба. Во неа, Основното јавно обвинителство Велес наведува дека на страната на лекарите гинеколози има пропусти кои во целина со пропустите на анестезиологот довеле до смртниот исход“, соопштија од обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...