Во познатиот њујоршки ресторан „Сентрал Ојстер Бар“, Рик Антош – инаку чест гостин таму, во својата чорба од остриги пронашол бисер.
За „Њујорк Пост“ 66-годишниот гурман раскажува дека веднаш кога го почнал својот оброк од 14,75 долари, во устата почувствувал мал тврд предмет. Отпрво помислил дека тоа е заб, но за среќа, тоа било бисер.
– Веќе 28 години работам овде, а ова ни се случува вторпат. Дневно, ние продаваме над 5.000 остриги – изјави извршната директорка на угостителскиот објект и писателка, Сенди Ингберг.
Антош пак, одлучи да го задржи бисерот од школка и вети дека и натаму ќе доаѓа во ресторанот, надевајќи се дека ќе најде уште некој бисер.