Во Албанија уапсени 12 функционери поради корупција

164
ФОТО: EPA/MALTON DIBRA

Албанското обвинителство соопшти дека 12 функционери, меѓу кои и еден градоначалник, се уапсени поради незаконска продажба на земјиште покрај морето.

Во соопштение на Обвинителството се наведува дека градоначалникот на Леж, Фран Фрокај и уште 11 функционери се обвинети за злоупотреба на службената положба и фалсификување на документи.

Тие се обвинети дека подготвувале лажна документација за државно земјиште со површина од 300.000 метри квадратни, кои сакале да им ги продадат по симболични цени на фиктивни купувачи.

Борбата против корупција е клучен приоритет на Албанија, со цел земјата да може да започне пристапни преговори со ЕУ.

ФОТО: EPA/MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...