Денеска претпладне ќе има врнежи од снег, кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури и појава на магла по котлините.