Разбиена мрежа која илегално внесувала Мароканци во Шпанија

40

Шпанската Цивилна гарда соопшти дека уапсила организатори на мрежа, која се претставувала како туристичка агенција. Таа годинава преку море во Шпанија внела околу 600 марокански мигранти.

– Цивилната гарда разби криминална организација, за која се верува дека годинава  шверцувала 600 мигранти од Мароко во Шпанија – стои во соопштението на службата.

Во истрагата се идентификувани седум лидери на организацијата, кои дејствувале во Мароко и Шпанија. Тие го организирале шверцот со луѓе како туристичка агенција, која ги преземала мигрантите на шпанскиот брег, а потоа ги превезувале до засолништа и ги носеле во различни области на земјата, најчесто во Каталонија и Баскија.

Мигрантите за превозот плаќале по најмалку 2.500 евра од човек, што значи дека криминалната организација годинава заработила најмалку 1,5 милиони евра.

Во Шпанија годинава се уапсени вкупно 136 лица во борбата против мрежите за илегална миграција, информира Цивилната гарда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...