Отворен Инфо-центар за евроатлански интеграции

142

Во Скопје вечерва е отворен Инфо-центар за евроатлански интеграции во кој граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со придобвиките од влезот на Македонија во НАТО и Европската Унија.

Центарот е проект спроведуван од страна на граѓанската асоцијација „МОСТ“ и е поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Британската амбасада во Скопје, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која присуствуваше на отворањето на центарот, истакна дека стратешката цел на земјата да стане членка на НАТО, не дошла брзо и оти, како што рече, за жал, Македонија чекала многу повеќе од планираното.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...