Божиновски: Бегството на Груевски е најголем срам за Заев, Спасовски и УБК

3704

Бегството на Груевски е најголем срам за Заев, Спасовски и директорот на УБК, рече вечерва новинарот Зоран Божиновски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој зборувајќи за настаните од 27-ми април рече дека немало да се случат доколку била дадена наредба да се спушти безбедносната решетка на влезната врата во Собранието.

Божиновски тврдеше дека од градежното претпријатие „Бетон“ било инсистирано, при градежните работи да се вгради таа решетка.

Ингеренции за наредба за спуштање на таа решетка, според новинарот, имал тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

– Чудно е и што лицето кое му задало најголем број удари на Заев на 27-ми април не е ни на клупа, ни во затвор осуден е на 8 месеци има упатен акт, а е на слобода – додаде Божиновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...