Вардар со победа се враќа од Букурешт

170

Екипата на Вардар оствари победа на гостувањето кај Стеауа во Букурешт со 30-34 (10-21) во 13-тото коло од регионалната СЕХА лига.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо одигра одлично прво полувреме во кое постигна 21 гол, а на почетокот на вториот дел имаа и највисоки 12 гола предност (23-11). До крајот дојде до мало опуштање во играта на „црвено-црните“, кои играа во комбиниран состав и победата беше изразена само со плус 4 разлика.

Поповски со десет и Кисељев со девет гола беа најдобри стрелци во редовите на Вардар, а Милошевиќ постигна 5 погодоци за ромснката екипа.

За Вардар ова беше единаесетта победа во СЕХА, и по неа остана лидер на табелата со 33 бодови.

Следи зимската пауза, а натпреварите од регионалната лига продолжуваат во февруари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...