Преку ден променливо облачно, навечер дожд и грмежи

177

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11 степени, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до осум, а дневната температура до 25 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. В недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...