Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија

461
Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.

„Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес“, напиша Боцевски на својот профил на Фејсбук.

Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголемил обврските на македонската амбасада во Бразилија, но засега, наведува, соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...