Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје минатата недела санкционираа 184 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.
– Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, во периодот од 10.12. до 15.12.2018 година, отстранети се 184 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, од кои шест (6) несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, информира Општината.