Трајковски бил на преглед на синусите во Будимпешта

728

На паузата од рочиштето за „Насилството во Центар“, обвинетиот Александар Трајковски, кој во Будимпешта беше фотографиран со екс премиерот Никола Груевски, изјави дека бил во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

Трајковски рече дека бил на  лекување во „Дуна медикал“. Тој на нановинарите им приложи документација и сметки за платениот преглед. Трајковски одби да коментира за средбата со Груевски.

– Да бев еден чекор назад, немаше да се знае дека сум во Унгарија – изјави Трајковски.

На денешното рочиште тој ја носеше и медицинската документација која според него му треба да го затвори боледувањето, кое го користи од 5-ти декември.

Претходно тој ги одбегна новинарите.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...