Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир

855

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир во 2019-та. Иницијативата за номинација на двајцата премиери за наградата е на новинарот Бранко Тричковски и поранешниот амбасадор Нано Ружин.

Третиот иницијатор е европратеникот Стелиос Колуглу, кој за 1ТВ потврди дека поранешната добитничка од Тунис, Уидед Башауи, официјално ќе ја поднесе номинацијата.

– Ќе ја најавиме кандидатурата на г. Заев и г. Ципрас за Нобеловата награда за мир за наредната година. Тоа ќе го најавиме заедно со г-ѓа Уидет Башауи, добитничката на Нобелот за мир во 2015. Луѓето од цел свет сакаат мир и стабилност на Балканот. Ова е нејзина иницијатива, но ве уверувам дека сите луѓе во Европа го сметаат Договорот од Преспа како единствена добра вест што доаѓа од Европа – изјави Колуглу.

Тој и Башауи во моментов престојуваат ви Македонија а денеска треба да се сретнат со пратеници од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, владината коалиција, сите координатори како и со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...