Џулијани: Трамп со Малер? Само преку мене мртов

494

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, изјави дека неговиот клиент нема да седне да разговара со специјалниот советник Роберт Малер за да одговори на дополнителни прашања во рамките на истрагата за наводното мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година.

– Само преку мене мртов – изјави Џулијани за „Фокс њуз сандеј“, кој е поранешен градоначалник на Њујорк и поранешен федерален обвинител.

„Блумберг“, пак, наведува дека Џулијани во друго интервју за Еј-Би-Си заземал помалку одлучен став кон прашањето дали постои можност Трамп да разговара со Малер.

Американската агенција потенцира дека ова е прво интервју на Џулијани откако поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен на 12 декември беше осуден на три години затвор за поткуп на жени, кои тврделе дека имале афери со Трамп.

Коен во неколку наврати изјави дека Трамп дал налог за тие исплати, додека американскиот претседател негираше.

Во интервју за Еј-Би-Си, Џулијани го нарече Коен „патолошки лажго“ кој нема докази за да ги поддржи своите тврдења.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...