Лидерот на ЛДП, која е коалициски партнер на СДСМ, вечерва истакна дека најдобро е прво да се донесе пресуда за случајот, а потоа да се разгледува можноста за амнестија.
Тој нагласи дека е лошо законодавната и извршната власт да се мешаат во работата на судовите и истакна дека најверојатно нема да гласа за предлог-законот за амнестија.
– Мислам дека треба прво судот да си го каже своето, да видиме кој е виновен а кој не е, па дури потоа политичарите да размислуваат дали е неопходно дали е потребно да му се даде помилување од претседателот или амнестија од парламентот. Генерално е лошо кога законодавната или извршната власт се мешаат во судската власт. Да го видиме прво законот, но јас лично мислам дека не би го поддржал, изјави Милевски, кој вели дека не го видел законот.
За генерален секретар на партијата е избран Боби Мојсоски, директор на затворот ..Идризово”.
Неговата сопартијка Никица Корубин, како што Плусинфо веќе објави, во меѓувреме, на Фејсбук објави дека од денес ќе настапува како независен пратеник и во рамки на ЛДП ќе делува како фракција.