Домаќинот на Европското првенство за ракометарки, репрезентацијата на Франција го освои златниот медал, откако вечерва во финалето ја победи Русија со 24:21 (13:12).
Поранешната вардарка, Александра Лакрабер, со шест погодоци беше најефикасна во победничкиот тим.
Најмногу погодоци во рускиот состав, воедно и на натпреварот, постигна Вјакирева – седум.
„Триколорките“ го освоија првиот наслов европски шампион.
Русија е четирикратен светски првак, но и понатаму останува без европско злато. Досега има две сребра и две бронзи од континенталните шампионати.